Сподели

Некои научници сметаат дека е изгубената Атлантида, одредени експерти предупредуваат дека не може да го издржи обемот на туристи, а важи за островите со најубаво и највпечатливо зајдисонце.

Санторини е еден од популарните грчки острови, можеби и најпопуларниот, но и позната светска дестинација, поради наредените бели куќички на над 200 метри надморска височина, поради вулканот, но и поради зајдисонцето кое со текот на времето стана атракција за посетителите.


Градоначалникот, локалното население, угостителите и хотелиерите од Санторини во разговор со дописничката на МИА од Атина ги пренесуваат нивните очекувања за претстојната туристичка сезона.

Сите се согласни, островот никогаш до сега во јуни не бил толку празен. Но, изразуваат надеж дека со почетокот на меѓународните летови кон сите грчки аеродроми од 1 јули, туристите повторно ќе уживаат во убавините на островот. Нивните прогнози се дека од 5 јули, постепено, Санторини ќе почне да се враќа во нормала.

Градоначалникот Андонис Сигалас вели дека од три милиони туристи лани, оваа година очекуваат само 500.000.

Фира или Тира е главниот град на Санторини, на височина од 250 метри, куќичките се изградени на калдерата, а се наоѓа точно наспроти вулканот. Претставува центарот на островот, со многу музеи, галерии, туристички атракции, кафулиња, ресторани, хотели и сл.


Сподели