Главниот косовски лобист во Вашингтон, конгресменит Елиот Енгел, кој е член на Конгресот од 1989 година и претседава со моќниот Комитет за надворешни работи се бори за продолжување на неговиот политички живот.

Неговиот против кандидат Џемал Бауман, поранешен директор за средно училиште во Бронкс има големи шанси да го победи Енгел, во внатре партиските избори во Демократската партија, и да го испрати во политичка пензија.

Околу 60 илјади Албанци, кои живеат во Њујорк, се најлојални гласачи на Енгел.
За врските на Енгел со Хари Бајрактари, богат косовски Албанец, кој живее во Њујорк пишуваа сите американски медиуми. Бајрактари е меѓу најголемите донатори на Енгел и преку Националниот совет на Албанците во Америка, кој го основаше Бајрактари, беше домаќин на Енгел на бројни патувања на Косово. Енгел се уште има проблеми со хипотекарниот заем од 125.000 американски долари што го доби од Бајрактари пред повеќе од една деценија.

Српските медиуми честопати го опишуваа Енгел како главен косовски лобист во Вашингтон. За време на претседателството на Бил Клинтон, Енгел беше застапник на американската интервенција во конфликтот меѓу Косово и Србија, а подоцна напорно лобираше за САД да ја признаат независноста на Косово. Оттогаш, Енгел лобираше во Соединетите држави да му помогне на Косово да изгради армија. Соединетите држави се спротивставија на ова, и покрај тоа што ја признаа независноста на Косово, со образложение дека тоа би можело да доведе до обновен вооружен конфликт во регионот.

Неодамна, државниот секретар Мајк Помпео го обвини Енгел за несоодветен „притисок, заплашување и малтретирање“ на американските дипломати по прашањето на Косово.

Администрацијата на Трамп се обиде да посредува меѓу Косово и Србија за решавање на сите нерешени прашања.

Енгел ги критикуваше напорите на администрацијата Трамп за посредување во косовскиот конфликт и ги повика САД да ја санкционираат Србија за нејзините блиски врски со Русија, вклучително и купувањето руско оружје.

Енгел е херој на Косово. Косовската влада, меѓу другото му додели бројни почести, а името на Енгел го носи еден булевар во Приштина.

Дали дел од граѓаните на Њујорк имаат причина да го видат Енгел во такво позитивно светло е сосема друга приказна.


Напишете коментар