Горан Шариќ е доктор по историски науки, но кој во исто време има завршено и Теолошко-богословски факултет во Загреб и Вараждин. Важи за најдобар балкански експерт за прашањето на делување на Ватикан и мешањето на верските прашања во конфликтите на Балканот и во светот.

Ватикан е најмоќна корпорација во светот. Таа ги има сите елементи на моќна корпорација. И трае и функционира повеќе од 1700 години. Тие спроведуваат целосна комецијализација на верата и духовноста. Кај нив се е бизнис, вели Шариќ.

Во администрацијата на Доналд Трамп има многу луѓе кои се
членови на Малтешките витези, на Опус деи, колумбови витези и други за кои ние не знаеме. Ватикан е толку моќен што само тие можеа да го срушат комунизмот. Тоа го направија преку Папата Иван Павле Втори, преку Лех Валенса и најмногу преку Опус деи. Така што без помош на Ватикан, САД не можеа да го растурат комунизмот, додава Шариќ.

Ватикан беше секогаш противник на масонеријата. Всушност масонеријата се појавува во периодот кога кулминира конфликтот меѓу католичката црква и протестантите. Ватикан тоа не може никогаш да го заборави. Во времето на папата Лав 13 Ватикан издава документи против масонеријата.

Но од Вториот Ватикански Консил, поточно речено од 60-тите години на минатиот век Ватикан и масонеријата не се повеќе во конфликт, објаснува Шариќ. Од моите контакти со луѓе на високи позиции во Ватикан станува јасно дека некои високи преставници на Ватикан се членови на римскиот клуб и на други ложи. Дури и самиот Ватикан има свои тајни друштва.

Стратегијата на Ватикан е секогаш долгорочна и тие делуваат и планираат за наредните сто години. Македонија е дел од нивните планови. Таа стратегија на крајот треба за заврши со покатоличување на Русија.

Проблемот на Македонија е што сте вие православна држава, што ќе рече потенцијална зона за делување на Русија, а од друга страна вие сметате на проектот за формирањер на Голема Албанија.

Католичките свештеници ги даваат првите импулси за формирање на албанската нација. Две држави, а тоа се Италија и Романија, сакаа да ги стават под своја контрола Албанците. Италија да ји италијанизира, а Романија сметаше дека Власите и Албанците се дел од нивната нација. Значи Италија и Романија од Албанците сакаа да направат Италијани и Романци.

Дури потоа доаѓа Австро Унгарија и таа со помош на Ватикан ја формира албанската држава и албанската нација.

Според Шариќ, политиката на Ватикан е секогаш усогласена со политиката на САД, Велика Британија и ЕУ. Многумина сметаат, а јас се согласувам со тоа, вели Шариќ, дека ЕУ е проект на Ватикан. Ако ЕУ е дел од стратегијата на Америка да има трајно присуство во Европа, да ја држи Гермнанија на колена, а Русија далеку од Европа, тогаш Америка и Ватикан работат заедно на остварување на таа стратегија.

Затоа доаѓањето на Папата во Македонија е предходница на влезот на Македонија во НАТО. Тоа е американската политика за Западниот Балкан а која се сведува на стратегијата помалку ЕУ, а повеќе НАТО. За Америка е важно само земјите од овој регион да бидат во НАТО, се друго е секунадрно прашање, објаснува Шариќ.

Повеќе може да погледнете на следниот линк:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *