Меркел и Макрон го продолжуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина, на крајот од оваа недела ќе се оддржи нова рунда разговори преку видео-врска!

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе организираат самит на 10 јули, на кој претставниците на Белград и Приштина ќе бидат домаќини преку видео конференција, пренесуваат агенциите.

Од германското Министерство за надворешни работи за српските медиуми беше потврдено дека повторното воспоставување на политичкиот дијалог со кој посредува Европската унија, помеѓу Белград и Приштина и другите регионални прашања на Западен Балкан, треба да се случи без одлагање.

Во исто време, тие рекоа дека Специјалниот совет на Косово ужива целосна поддршка од Федералната влада на Германија, но и дека меѓународната заедница, вклучително и Германија, јасно очекува Косово да ја почитува оваа заложба и да ја поддржува работата на таа институција.

Самитот кој ќе се оддржи на крајот на оваа недела беше најавен во март, но не беше одржан поради ситуацијата со вирусот корона.

По одложената средба во Белата куќа на 27 јуни, каде требаше да биде организирана средба меѓу претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се добива впечаток дека Трамп полека се исфрла од игра и дека конците повторно ги влечат Макрон и Меркел.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *