Дали т.н. Мериот коалиција подготвува Конгрес на ВМРО ДПМНЕ во октомври? Членови на таа коалиција одговараат потврдно и најавуваат дека веќе имаат собрано потписи или ветувања на повеќе од 300 делегати дека ќе присуствуваат на тој Конгрес.

Во овој момент Конгресот на ВМРО ДПМНЕ брои околу 540 делегати, така што бројката од 300 и повеќе делегати би овозможила нормална и легитимна работата на тој Конгрес.

Според иницијаторите на акцијата за смена на сегашниот лидер на партијата, на тој Конгрес нема да се избира ново раководство, туку само ќе му се изгласа недоверба на стариот Претседател Христијан Мицкоски.

Иницијаторите за промени немаат свој фаворит за лидер на партијата, само сметаат дека треба да прекине сегашната агонија кога партијата оди од пораз во пораз.

За имињата за кои се говори во јавноста, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, поранешниот Потпретседател и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, Филип Петровски и други, велат дека дополнително ќе се разговара.

Иницијаторите ги негираат информациите дека се водат индиректни разговори со Мицкоски за негово доброволно повлекување а за возврат да добие нивна гаранција дека сегашниот Претседател и неговата екипа би се амнестирани за можни финансиски трансакции на штета на партијата.

Се споменуваат договорени и платени гласања за промена на детални урбанистички планови во одредени скопски општини, отварање кафани, пари кои се трошат без контрола и слични активности. Нема да има договор за тоа велат тие.

Во меѓувреме се појави шпекулација дека поранешниот реформатор, а сега еден од адвокатите на Орце Камчев, Александар Михајловски, работи на терен за придобивање на делегатите, бидејќи и тој имал лидерски амбиции. Во разговор за нашиот портал, Михајловски ги негираше тие шпекулации.

Мицкоски и неговата екипа не планираат да организираат Конгрес според новиот Статут на партијата. Се чини дека Мицкоски го пропушти моментот сам да организира Конгрес по примерот на Бранко Црвенковски, кој по губењето на изборите во 2011 година и наметнатата атмосфера дека е морален победник на тие избори, организираше брз Конгрес во Битола на кој само со неколку гласови против доби скоро целосна поддршка од делегатите.

За овие работи се анализираше во емисијата Во Центар. Повеќе од анализата на следниот линк: