Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечер во 19 часот ќе одржи седница на која партиското раководство ќе дискутира за актуелната политичка состојба во земјата, за здравствената криза, но и за идните активности на партијата.

Од опозициската партија не откриваат дали партиските лидери или претствници на партиите разговараат за датумот за избори.

Официјално засега ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став за избори на средина на јули и присуство на меѓународни набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, а СДСМ за избори на 5 јули, за што роковите почнаа да течат.

Од друга страна, ДИК вчера не донесе Роковник за избори на 5 јули, што остава простор дека сепак денеска би можело да дојде до некаква промена.


Напишете коментар