Изворот на инфекција со коронавирус можеби не се влажните пазари на Вухан, туку кинески рудник оддалечен 1.600 километри од градот каде избувна епидемијата.

Вирусологот Џонатан Латам и молекуларниот биолог Алисон Вилсон, кои работат за непрофитната организација Bioscience Resource Project во Итака, дојдоа до интересно откритие при преведувањето на магистерски труд од еден кинески лекар. На 66 страници тој го опишува лечењето на рударите кои се разболеа во рудникот во 2012 година и примероци од нивното ткиво ги испрати за анализа до Институтот за вирусологија во Вухан.

Доказите што ги најдовме не поттикнаа да преиспитаме сè што знаеме за изворот на инфекција со коронавирус, напишаа Латам и Вилсон во студијата што ја објавија на нивната веб-страница.

Латам за Њујорк Пост изјави дека верува дека вирусот скоро сигурно избегал од лабораторијата во Вухан.

Во април 2012 година, на шест рудари во рудникот Моџијанг во провинцијата Јунан, во југозападна Кина, им се слошило откако 14 дена чистеле измет од лилјаци. Тројца починаа. Во својата магистерска теза, Ли Ксу, кој ги лекуваше рударите, опишува како рударите имале висока температура, сува кашлица, болки во мускулите и понекогаш главоболки, сето тоа се симптоми поврзани со Ковид-19 денес.

Лечењето на болни рудари беше сличен на третманот на луѓе со Ковид – респиратори, стероиди, антибиотици и разредувачи на крв. Откако рударите беа тестираа за хепатитис, денга треска, па дури и ХИВ, а резултатите беа негативни, лекарот консултираше разни специјалисти од цела Кина, вклучувајќи го и Зонг Наншан, човекот кој играше клучна улога во запирање на епидемијата на САРС во 2003 година.

Ова укажува на тоа дека болеста на шест рудари предизвика голема загриженост и се сметаше дека САРС коронавирусот е причина за болеста, напишаа Латам и Вилсон.

Институтот Вухан заклучи, анализирајќи примероци од ткивото, дека изворот на инфекцијата е веројатно од кинески лилјак, пишува во анализата.

Латам и Вилсон веруваат дека вирусот во телото на рударот се развил во Сарс Ков-2, невообичаен патоген на коронавирус, кој лесно се пренесува меѓу луѓето и дека примероците некако избегале лабораторијата минатата година и предизвикале пандемија од невидени размери.

Иако научниците од Институтот во Вухан зедоа примероци од коронавирус од лилјак од истиот рудник, тие не успеаја да ја видат врска со настаните во 2012 година, изјави Латам за „Њујорк пост“.

Ши Зенгли, вирусолог од Институтот во Вухан, позната како „жена-лилјак“ поради големо истражување на коронавирус добиен од лилјак, за Scientific American
во јуни изјави дека рударите починале од габична инфекција. Таа посочи дека ќе беше прашање на време кога сите рудари ќе се заразат со коронавирусот доколку рудникот не беше веднаш затворен.

Окното на рудникот мирисаше страшно, како пекол. Пештерата била преполна со измет од лилјаци, рече таа.


Напишете коментар