Слободно направете го првиот чекор, бидејќи тоа им се допаѓа на дури 90 отсто од посилниот пол! Дами, започнете без двоумење .

Дали фантазирате за мажот од вашите соништа и посакувате тој конечно да ви пријде сам…? Според најновото истражување на сајтот „Singles in America“ нема причина за загриженост. Слободно направете го првиот чекор, бидејќи тоа им се допаѓа на дури 90 отсто од посилниот пол! Затоа, дами, „започнете да бркате момци“ без двоумење.

Исто така, речиси половина од самците тврдат дека бараат жени кои „бркаат кариера“, додека 86 отсто сакаат да излегуваат со дами полни со самодоверба.

Дури 87 отсто од анкетираните направени на слободни мажи би се запознале со жена која е поинтелигентна и пообразована од нив. Истиот процент од припадниците на посилниот пол тврдат дека не би им пречело да бидат во врска со дами кои заработуваат повеќе од нив.