Може ли вашиот телефон да ви го пренесе корона вирусот?

Ако патувате често, ако запознавате многу различни луѓе или го користите телефонот во вашата кујна, дефинитивно треба почесто да го чистите.

Современите мобилни телефони не се толку одговорни за ширењето на микробите, тврди Маркус Егерт, професор по микробиологија и хигиена од германскиот универзитет во Фуртванген.

Во споредба со бројот на микроби на рацете на луѓето, би можеле да кажеме дека нивниот број на мобилните телефони е занемарлив. За здраво лице кое користи мобилен телефон во сопственото домаќинство, бактериите на него не претставуваат опасност – вели Егерт.

Современите паметни телефони се карактеризираат со мазни површини, поради што помал број бактерии се лепат на нив. Тие немаат што да се хранат на вакви површини, па дури и не успеваат да се репродуцираат, објасни Егерт.

Тој додава дека начинот и местата каде се користат мобилни телефони влијаат на тоа колку микроби се насобрале на нив.

Егерт вели дека мобилниот телефон кој не е многу валкан, не треба да се дезинфицира, бидејќи вирусот корона се отстранува со обичен сапун. Предупредува дека средствата за чистење, како што се средства за чистење стакло или средства за чистење на база на алкохол, можат да ја оштетат облогата што ја отстранува маснотијата на екранот на паметните телефони.


Напишете коментар