Сите овие турбуленции се случуваат кога треба да имаме стабилна федерација која што ќе го поддржи патот на фудбалерите на идниот мундијал.

Овие преплукувања може да направат поделби и кај играчите, наместо да се спремаат и со главите да бидат кон историските мечеви тие не знаат ништо за подготовките кој што им следат.

Деновиве повторно се актуелизираше состојбата во ФФМ откако АМС повторно излезе со известување до јавноста.

Се погласно се зборува за промена на првиот човек на македонската фудбалска куќа, а се чин дека клубовите го креваат својот глас поради незадоволство до работата на ФФМ.

Денес во Кочани беше закажано Генерално изборно собрание, а досегашниот Претседател на ОФС – Кочани Љубчо Горгиевски кој беше единтвен кандидат за нов мандат, ја повлече кандидатурата.

Со ова се пдодлабочува кризата во ФФМ , која што е непотребно направена пред ваков важен настан. Фудбалерите треба да имаат поддршка во ова а не да им се одмогнува.