По најавата дека рускиот олигарх, Сергеј Самсоненко го напушта ФК Вардар и го остава клубот во рацете на градот Скопје, денес се појави шпекулација дека контроверзниот бизнисмен, Јордан Орце Камчев ќе го превземе клубот.

Оваа информација не можевме да ја провериме кај г. Камчев така што во овој момент е само на ниво на шпекулација. Камчев секогаш беше заинтересиран за спортот и ФК Вардар така што наредните саати или денови ќе ја потврдат или демантираат оваа информација.

Инаку, поранешниот човек од доверба на Сергеј Самсоненко, Ратко Капушевски секогаш важеше за близок човек на Орце Камчев. По промената на власта во државата патиштата на Самсоненко и Капушевски се разделија.

Во интервју за емисијата Во Центар, Самсаненко потврди дека е близок пријател со Камчев и дека се соседи во една елитна населба во предградието на Скопје.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *