По разните приказни за причината за неговата смрт и начинот на кој ќе се подели наследството, сега излезе на виделина неговото наводно писмо, во кое „Ел Пибе“ изрази желба неговото тело да биде изложено , следејќи го примерот на Владимир Ленин.

  • После подлабока анализа, сакам да изразам желба по смртта моето тело да биде изложено во музеј. Треба да биде опкружен со трофеи, награди што ги освојував за време на мојот живот и други скапоцени предмети, така што моите обожаватели сè уште можат да ме обожаваат – напиша Марадона во писмо на 13 октомври, нешто повеќе од еден месец пред неговата смрт.

Писмото беше препратено до Матијас Морли, законскиот застапник на неговата последна девојка Вероника Охеда.

  • Планот е да се изгради тој мавзолеј, каде што навивачите би можеле да се собираат. Марадона разговараше за ова и со неговите браќа. Предлогот што го имаме е сериозен и финансиската конструкција е веќе затворена, но последниот збор ќе го даде Аргентинската фудбалска федерација, која исто така би управувала со мавзолејот – рече Морла.