Актерот и политичар Бранислав Лечиќ, кој се повлече пред еден месец откако младата актерка Даниела Штајнфелд го обвини за силување , а по неа и нејзината поранешна колешка Мерима Исаковиќ за обид за силување, повторно се појави во јавноста.

Лечиќ беше фотографиран на 1 мај како седи во градината, на познат белградски бар во центарот на Белград заедно со ќерката Анас, како што наведува српски Курир.

Двајцата испија кафе во опуштена атмосфера и уживаа во сончев ден, иако актерот на моменти изгледаше замислено.

Откако завршија со пиењето, заедно го напуштија барот.

Да потсетиме, актерката Даниела Штајнфелд го обвини Лечиќ дека ја силувал во 2012 година. По тој повод, Лечиќ даде изјава пред полицијата на 26 март во својство на граѓанин, кога целосно ги негираше наводите на неговата колешка, а истата вечер на социјалните мрежи објави дека „го поминал тестот на полиграф“ .

После тоа, Вишото јавно обвинителство во Белград објави дека ќе продолжи со собирање докази, со цел да донесе одлука за понатамошниот тек на постапката.

Набргу после тоа, актерката Мерима Исаковиќ го обвини Лечиќ за обид за силување, што се случи пред 43 години, кога таа имаше 18, а тој 22.

Потоа тој се повлече од јавноста некое време.