САД официјално побараа од Велика Британија да им го предадат принцот Ендрју за да биде испрашан во врска со неговите врски со педофилот и милијардерот Џефри Епстин.

Ендрју (60) досега одбиваше да биде испитуван од обвинителите во Њујорк за неговата улога во мрежата за трговија со секс на Џефри Епстин.

Вирџинија Робертс, која сега има 36 години, тврди дека имала секс со Ендрју во три наврати помеѓу 2001 и 2002 година, двапати додека била малолетна. Сепак, Ендрју го негира ова.

Новина во случајот е што Министерството за правда на САД сега ја заобиколи Бакингемската палата и наместо тоа, поднесе барање за „меѓусебна правна помош“ до Министерството за внатрешни работи.

Барањата за меѓусебна правна помош се користат само во кривични случаи според законски договор со Велика Британија.

Тоа значи Ендру, кој „категорично негира“ какво било дело, сега би можел да биде принуден да се појави во судот во Велика Британија како сведок во рок од неколку месеци.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *