Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени дека продолжувањето на коалициската соработка со Српската напредна партија (СНС) и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе биде „во најдобар интерес на Србија“

Според него, „патот до соборувањето на Вучиќ мора да помине преку соборувањето на Дачиќ во СПС“.

Мислам дека е невозможно, ќе застане на Дачиќ – тврди претседателот на социјалистите.

Тој додаде дека има влијание од различни страни, особено од „оние кои ги едуцираат младите политичари преку разни невладини организации“, дека некаква нова политика на партијата би била прифатлива за Западот, и дека тој наводно е „руски човек“.

На прашањето дали ужива поддршка од странец, Дачиќ одговори: „Морам да видам“.

Овие изјави и реакции доаѓаат по големите протести во Белград на кои учествуваа многу видни членови на партијата на Дачиќ.

Бројни лица многу блиски до Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ имаат значајна улога во повеќедневните демонстрации во центарот на Белград!

Меѓу најгласните учесници во протестите, чија главна цел е соборување на Александар Вучиќ, се блиски роднини, пријатели, па дури и функционери на СПС, партија која е коалициски партнер на СНС.

Така, Владимир Шкундриќ (40), е син на функционерот на СПС и поранешен министер за енергетика Петар Шкундиќ. Тој беше уапсен во петокот вечер пред српскиот парламент со група хулигани. Шкундриќ јуниор ја нападнал полицијата со бејзбол палка.

Капак на се е дека поранешниот пратеник Срѓан Ного ( кој беше приведен па пуштен за викендот ) кој е еден од водачите на најекстремните демонстранти кои упаднаа во Собранието и се обидоа да го запалат, има многу блиски врски со СПС. Имено, неговиот татко Срето Ного со години беше социјалистички функционер, едно време беше дури и советник на Слободан Милошевиќ и министер за телекомуникации.

Како и да е нешто сериозно се случува во Белград. Дачиќ ја отвори пандорината кутија дека е “руски човек” и дека ќе го брани Вучиќ. Прашањето е од кого и до кога ќе го брани!?


Напишете коментар