Светскиот економски форум, што се одржува во Давос, Швајцарија, ќе биде одложен!

Како што е најавено, заради мерките на претпазливост во врска со Ковид 19, форумот, кој првично беше закажан за јануари 2021 година, ќе биде одложен до „почетокот на следното лето“.

Да потсетиме, годинашниот Давос, кој се одржа во јануари, беше запаметен по говорот на принцот Чарлс кој токму во Давос прв пат јавно зборуваше за нов светски економски поредок во 2030 година. По овогодинешниот Давос почна корона пандемијата во Европа.

Ние не ја донесовме лесно одлуката да се одложи Форумот, бидејќи потребата глобалните лидери да се обединат со цел да осмислат нова заедничка стратегија за оздравување на светот во пост-ковид ерата е повеќе од ургентна, рече Адријан Монк, генерален директор за организацијата Форумот!

Сепак, како што изјави Монк, советот на експертите е “да се одложи Форумот затоа што не би можеле да го спроведеме на безбеден начин во јануари“.

Годишниот самит во Давос е еден од најголемите собири на светски лидери и директори, како и деловни елити ширум светот. Со еден збор луѓето што владеат со и во светот!

Одлагањето на Форумот од јануари за почетокот на следното лето како да укажува на фактот кога светската бизнис и политичка елита очекува крај на корона пандемијата! А тоа е најдоцна до почетокот на летото 2021 година!?


Напишете коментар