По минатонеделниот насилен упад од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп во Конгресот, градоначалничката на Вашингтон повика на засилени безбедносни мерки за време на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, објави во понеделникот Ројтерс.

„Ќе побарам од локалните, регионалните и федералните партнери да ја зајакнат соработката и го повикувам Министерството за внатрешна безбедност да го прилагоди пристапот кон инаугурацијата на повеќе специфични начини“, напиша Боусер во писмо до Чад Волф, вршител на должноста министер за внатрешна безбедност.

Таа исто така побара од Министерството за внатрешна безбедност да ја координира соработката со Министерството за правда, Министерството за одбрана, Врховниот суд и Конгресот за распоредување на федералните сили за сите федерални згради и имоти.