Не е познато кој бил во авионот кој обично се користи за превоз на високи руски функционери.

Официјалниот авион на руската влада, кој обично превезува високи функционери на таа земја, вклучително и шефот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), се врати рано утрово во Москва по краткиот престој во Белорусија, пренесува Ројтерс.

Повикувајќи се на податоците за сателитско следење на летовите, агенцијата наведува дека авионот „Ту-214“, кој може да служи како команден и контролен центар, вчера од Москва одлетал кон Минск.

Ова се случува во време кога Белорусија ја потресуваат масовните протести против претседателот Александар Лукашенко, а светот очекува да види како Русија ќе одговори на политичката криза во таа соседна земја.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *