Во земјите од Источна Европа, по падот на комунизмот беа обновени големите ложи, почнувајќи од Унгарија, поранешна СФРЈ и на крај беше обновена големата ложа во Русија. После тоа во рок, од една до три години по формирање или реактивирањетро на големите ложи, дојде и до реактивирање на врховните совети на шкотскиот ритуал и тоа директно со налог од Вашингтон. Накрајот во период од две до пет години од формирање на тие големи совети на шкотскиот ритуал сите тие држави влегоа во НАТО. Таков беше редот на потезите, вели тој.

Слободното зидарство има три степени, ученик, помошник и мајстор. Шкотскиот и Јорк ритуалот ( за разлика од останатите масонски ложи ) во своето членство ги примаат само мнајсторите, а не и учениците и помошниците. Тоа е кремот на масонеријата. Шкотскиот ритуал го сочинуваат само големи мајкстори кои најчесто се масони од 33-ти степен. Јас стигнав до 33 степен и бев врховен командир на Шкотскиот ритуиал затоа и ги кажувам и ги знам овие работи, објаснува Ненезиќ.

Секоја масонска ложа е демократски систем, а шкотскиот ритуал е теократски систем каде одлучувачкиот збор го има командирот. Врховниот совет на шкотскиот ритуал најмногу може да има 33 членови. Само ако умре некој од членовите на негово место може да биде избран нов член и тоа само од редот на масоните со 33-ти степен.

Според конституцијата на Шкотскиот ритуал од 1776 година, која беше усвоена во градот Чарлстон Америка, комадирот на шкотскиот ритуал може да ја нема поддршка од останатите 32 члена на врховниот совет но тој и понатаму останува командир а ги отпушта сите останати членови и прима нови масони во врховниот совет. Тоа е теократско владеење.

Мајка на сите масонерии е англиската голема ложа, а мајка на шкотскиот ритуал е Врховниот совет на јужната јурисдикција на САД. тоа е систем кој функционира скоро 2,5 века и најважните луѓе на Америка беа членови на шкотскиот ритуал.

Во периодот кога сегашниот претседател на САД се кандидираше да биде кандидат на Републиканската партија тој ја имаше подршката на голем број генерали и адмирали кои се членови на Шкотскиот ритуал. Со нивна помош Трамп беше избран да биде Претседател на Америка, вели Ненезиќ.

За нешто повеќе од два месеци ќе видиме дали и на овие избори Доналд Трамп ќе ја има поддршката на адмиралите и генералите од Шкотскиот ритуал на Америка!?

Повеќе може да погледнете на следниот линк:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *