Лекарот од Гана Питер Босман во 2010 година стана градоначалник на словенското градче Пиран, станувајќи прв црн шеф на градската управа во некој источно европски град.

Босман дошол во Словенија во 1970-тите, кога земјата се уште беше дел од поранешна Југославија, за да студира медицина.
Тој тврдеше дека луѓето веќе не ја гледаат бојата на неговата кожа и оти негиот избор покажува „високо ниво на демократија во Словенија”.

„Ја водев мојата кампања преку дијалог и мислам дека дијалогот победи”, рече тој.

Лекарот планирал да се врати во Гана по студиите, но се предомислил откако се оженил со колешка од хрватско потекло.

Во 2012 година градоначалникот на Пиран, Питер Босман даде интервју за емисијата Во Центар, кое може да го погледнете на следниот линк:

Најголемо изненадување за штипјани, но и пошироката јавност, е кандидатурата на партијата Интегра, која за свој кандидат го избра Симон Поликарп, попознат како Џими, кој е роден во Нигерија, но веќе неколку децении живее во Штип.

Останатите кандидати кои влегуваат во трката се независниоот Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов од партијата ТМРО, актуелниот пратеник Сашко Николов од СДСМ и Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација.

ВМРО-ДПМНЕ вчера по седницата на Извршниот комитет одлучи дека нема да учествува на овие избори и да делигира свој кандидат. Според лидерот на партијата Мицкоски, тие бараат да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов им е поважно.

Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември и ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори.