За време на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година, постоеше оперативен план српската армија да ги бомбардира главните градови на соседните земји кои учествуваа во агресијата, пред се Загреб и Будимпешта, но Слободан Милошевиќ се откажал во последен момент.

Една од најголемите тајни на операцијата на НАТО, за која само се шушкаше, ја потврди српскиот генерал-мајор Видосав Ковачевиќ, кој во 1999 година беше шеф на одделот за психолошки и пропагандни активности на југословенската армија. Според одредени информации, планот бил разработен во детали, а Милошевиќ, кој бил врховен командант, се согласил со тоа, меѓутоа, тој се откажал од планот, а причините поради што тоа го направил му биле познати само на Милошевиќ.

Да, се сеќавам на предлогот на нашето воено раководство до Милошевиќ тогашната армија на СР Југославија да ги нападне соседните држави од каде доаѓаа нападите на НАТО. Според военото право, ние имавме право, ако дојдеше авион од Унгарија, да ја гранатираме Будимпешта, а ако дојде авион преку Хрватска, да го гранатираме Загреб или некоја друга соседна држава. На крајот, Милошевиќ не го дозволи тоа. Зошто, не знам. Веројатно не сакаше војната да се прошири на цела Европа или кој знае што ќе се случи после тоа, рече Ковачевиќ, кој исто така имаше високи позиции во Воздухопловството и ПВО и беше шеф на Воената академија.

Тој објаснува дека само неколку луѓе од најголемата доверба на Милошевиќ знаеле за планот. Не знае ниту зошто тој се откажа од одмазда, но има своја претпоставка.

Не знам зошто Милошевиќ се откажа. Можно е дека тој се плашеше дека ова дополнително ќе ја зајакне офанзивата на НАТО, но јас сум повеќе склон да заклучам дека тој беше спречен од некои меѓународни фактори. Кога го велам тоа, пред се мислам на Москва затоа што имаше најмногу контакти со Русите.