Зоран Заев со бомби дојде на власт и сите очекуваа дека со бомби ќе си замине од власта. Но се покажува дека од бомбите кои се објавуваат многу е поголема штетата во опозицијата отколку за власта. Од последната бомба што беше објавена во сеќавање ќе останат две работи. Наводната приказна која се раскажува во таа бомба за Никола Груевски и црнците на Сејшелите. И приказната за врските на Бранко Црвенковски и СДСМ со партијата Левица.

Очигледно е дека тој модел не дава резултати и дека треба да биде заменет со нов модел за соборување на Заев од власт, но многу полесно е да му се даде наредба на Дувло да ги напаѓа сите оние кои различно мислат од авторот и идеологот на погрешните стратегии отколку да се седне и да се најде поефикасна стратегија за политички пораз на Зоран Заев.

Ова е дел од анализата која беше емитувана во емисијата Во Центар на youtube. Во емисијата беа емитувани две интервјуа, со Стефан Влахов Мицов на тема дали оваа генерација Македонци е најлошата генерација во последните три милениуми. Како и интервју со Петар Богојевски како бугарската држава со помош на македонската мафија се меша во политичките разврски во државата.

Целата емисија можете да ја погледате на следниот линк: