Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека постои можност вакцината против вирусот корона да биде готова околу 3 ноември, кога треба да се одржат претседателските избори во таа земја.

На прашањето за точниот датум кога вакцината би можела да биде готова, Трамп рече:

Пред крајот на годината, но може да биде готова и многу порано.

Еден од новинарите праша дали тоа ќе биде пред 3 ноември, претседателот одговори:

-Мислам дека е можно во некои случаи, но околу тоа време. Изјавата на претседателот Трамп доаѓа по соопштението на Стејт департментот, дека се издвоени 104 милиони долари за набавка на шприцови.

Стејт Департментот објасни дека се решиле на овој потег за вакцинацијата на населението да започне што е можно поскоро, кога Управата за храна и лекови (ФДА) ќе ја одобри вакцината.

Шприцови и игли се неопходни во стратегијата на нацијата во борбата против вирусот корона, така што ќе се купат 500 милиони шприцови за период од 12 месеци, а повеќе од 134 милиони ќе бидат доставени до крајот на годината – се наведува во соопштението.

Американската влада им дава на компаниите милијарди долари за милиони дози експериментална вакцина пред да се покаже како тие всушност работат и прават залихи за масовна дистрибуција. Тие се надеваат дека барем некои од нив ќе бидат безбедни и ефикасни.

Според најновите податоци, во САД повеќе од 4,8 милиони луѓе се заразени со коронавирус, додека над 159.000 луѓе починале од КОВИД-19.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *