Кина во изминатите три години тајно изгради голем број нови логори и затвори и драматично ја засили својата кампања против муслиманските малцинства во земјата, иако јавно тврди дека сите приведени се ослободени.

Изградбата на овие кампови со висока безбедност, а во некои од нив можат да сместат десетици илјади луѓе, сигнализира радикално менување на моделот на делување, од предходното користење на јавните институции за превоспитување, како што се училиштата и домовите за пензионери, до изградба на трајна инфраструктура за масовно притворања.

Во најсеопфатната истрага на системот на логори во Кина, користејќи јавно достапни сателитски снимки, заедно со десетина интервјуа со поранешни притвореници, BuzzFeed News идентификуваше повеќе од 260 центри изградени од 2017 година.

Има барем еден центар во скоро секоја област на крајниот запад на регионот Ксијанг. За тоа време, покажа истрагата, Кина воспостави широко распространет систем за задржување и затворање на стотици илјади ујгурски, казахстански и други муслимански малцинства, што претставува најголемо затворање на етнички и верски малцинства од Втората светска војна.

Овие објекти, вклучително и неколку изградени или значително проширени во последната година, се дел од владината кампања за масовно затворање на повеќе од милион луѓе, што започна кон крајот на 2016 година.

Таа година, Чен Куангуо главниот функционер во регионот и шеф на Комунистичката партија, неодамна санкциониран од Соединетите држави за кршење на човековите права, ги стави муслиманските малцинства, а тоа е повеќе од половина од населението од околу 25 милиони жители, под постојан надзор преку камерите за препознавање лица, следење на мобилни телефони и контролни пунктови. Тие се исто така изложени на многу други злоупотреби, почнувајќи од стерилизација до присилна работа.

BuzzFeedNews идентификуваа 268 новоизградени центри со вкрстено референцирање на откриени области на Baidu Maps, алатка слична на Google Maps што се користи во Кина. Овие простори честопати содржеле повеќе центри за притвор.

Како одговор на деталните истражувања, како и списокот на GPS координати на откриените предмети, кинескиот конзулат во Њујорк изјави дека прашањето што се однесува на Ксијанг во никој случај не е поврзано со човековите права, религијата или етничката припадност, туку со борба. против насилниот тероризам и сепаратизмот, додавајќи дека е неоснована лага дека милион Ујгури биле затворени во регионот.


Напишете коментар