Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил денеска дека има голем број новозаразени со  коронавирус во Нови Пазар и дека тоа им донело грижа многу проблеми на луѓето во Нови Пазар, но и проблеми за здравствените работници и дека сè друго е дел од политичката игра.

„Почнаа да се случуваат и други работи што одат заедно со тоа. Политика, фабрикување невистини и други работи“, рекол Вучиќ за телевизијата Пинк.

Вучиќ изјавил дека нема ништо што му треба на Нови Пазар во моментов, како и дека проблем бил недостигот на лекарите, затоа што многу од нив се заразени.

„Па, вие сте подобро опремени од која било германска болница, зборувам за градови со најмногу 100,000 жители“, изјавил Вучиќ.

Вушиќ на својот Инстаграм профил  соопштил дека граѓаните на Србија имаат една од најдобрите, најсовремени болници во Нови Пазар.

„Ја имаме целата опрема, и покрај сите невистини. Искажувам сочувство на семејствата и сакам да кажам дека уште 14 лекари и медицински сестри од Крагуевац ќе одат во Нови Пазар. Ги молам луѓето за поголема дисциплина и одговорност, да покажат почит кон луѓето кои сакаат да ја завршат својата работа со многу енергија и им се заблагодарувам за сè што прават.

„Најсмешно е кога осудени наркодилери и викаат „крадец“ на премиерката. А што украла? “, праша Вучиќ.

Тој рече дека вчерашниот настан – свирежите кон премиерката Ана Брнабиќ, го организирале сите освен Расим Љајиќ и рече дека нема да дозволи никој да каже дека ситуацијата во Нови Пазар е ужасна.

Вучиќ додал дека е најлесно да се злоупотреби Нови Пазар и да се подигнат меѓуетнички тензии.


Напишете коментар