Околу 90 отсто од заразите со корона вирусот во Македонија се резултат на новиот британски сој на вирусот. Тоа ги менува проценките колку време ќе биде потребно за да се стекне колективен имунитет. Ако доминираше стариот или првичниот тип на вирусот тогаш за колективен имунитет ќе беа потребни околу 65 отсто од населението да биде вакцинирано или да ја има прележано короната. Бидејќи сега се работи за британскиот сој на вирусот за колективен имиунитет ќе бидат потребни 85 отсто вакцинирани или лица кои имаат прележано корона.

Ова за емисијатра Во Центар, која вечерва ( недела ) во 22 часот се емитува на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави нашиот ренопминар професор епидемиолог и биостатистичар, Драган Даниловски.

Според пресметките на Даниловски, досега во Македонија се заразени околу 734 илјади или околу 46 отсто од населението.

Даниловски смета дека опасноста за вакцинирање со вакцината астразенека е повеќе резултат на конкуренцијата и кампањата кои се води во круговите на фармацеутската индустрија. Оваа вакцина е безбедна и покрај бројните контраверзи кои се верзуваат со неа, вели тој.

Според Даниловски сегашниот бран треба да заврши кон крајот на јули. Под предпоставка дека ќе остане сегашната состојба на теренот, повече од 90 отсто од заразените да се со британскиот сој тој потребен колективен имунитет ќе се постигне кон крајот на август или во септември цени професорот.

Но, за жал, целата состојба може да се смени ако кај нас дојдат бразилската или јужноафриканската верзија, вели тој.

За бројот на умрените, за реинфекнцијата на тие кои веќе прележале, зошто овој го нарекуваат интелигентен вирус, зошто немаше грип оваа сезона, на сите прашања ќе добиете одговор во вечерашната емисија Во Центар.