Познатата српска пејачка Дара Бубамара вели дека е срамота што нејзините колеги се жалат дека немаат пари, а се „полни како брод“.

– Не можам да верувам дека кукаат моите колеги, а претходните години заработија многу пари. Тоа ми е страшно. Поединци зад себе имаат 30,50 години кариера и се жалат? Фуј! Обичниот народ поради пандемијата остана без работа, а пејачите се фалат со куќите, вили, па уште и бараат помош од државата – вели Дара и додава:

– Секако дека не се пријавив за помош од 100 евра, сигурна сум дека има луѓе на кои им се потребни. Државата не треба да им плаќа минималец на пејачите затоа што моите колеги досегаа имаа доволно време да направат „дебели заштеди“, објаснува Бубамара за „Информер“.


Напишете коментар