Дара Бубамара купила стан во „Белград на вода“ и за него искеширала повеќе од 350 000 евра, пишуваат српските медиуми.

Пејачката неодамна го завршила процесот на купување. Многу и се допаѓа што се наоѓа во зграда покрај река, но не била сигурна дали да го купи бидејќи веќе има неколку станови.

ФОТО: ШУТЕРСТОК

Сепак, со консултација со поранешниот сопруг одлучила да инвестира во оваа недвижност. Одбрала стан од 60 квадрати, а го платила 6000 евра по квадрат. Бубамара добила попуст бидејќи платила во готово, па за станот искеширала околу 350 000 евра.

Зградата во која се наоѓа станот е делумно уредена и остануваат уште неколку месеци да се доработи на неа. Тоа значи дека пејачката нема да може да се всели до крајот на годината.

ФОТО: НЕМАЊА НИКОЛИЌ

Доколку се одлучи да живее во тој стан, Дара на располагање ќе има паркинг, обезбедување, теретана, базен.

Бубамара има и стан на Дедиње, а неговата цена е околу пола милион евра.

Исто така има и мал стан на периферијата во градот, а и еден во Нови Сад. Неодамна купи и гарсоњера во Атина која планира да ја издава.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *