Откако вчера почина таткото на Дарко Лазиќ, Милан, тој не може да се помири со загубата и чувството на вина.

Имено, според извори блиски на Дарко, нему дополнително му е тешко бидејќи тој му предложил операција за намалување на желудникот. Со оглед на тоа дека на почетокот на годината и Дарко го направи истото и изгуби многу килограми, Дарко со најдобра намера тоа го советувал и на својот татко, како би се чувствувал поздраво и поподвижно. Му бил голема подршка во тоа и непосредно пред операцијата се слушнал со него. Му објаснил дека по операцијата ќе ослаби брзо, дека ќе му биде подобро.

Сега тоа го мачи. Се обвинува што му го предложил тоа. Сите се со него, се трудат да му објаснат дека таа одлука сите ја подржале и дека не треба да мисли така. Сите знаат дека му посакувал само добро. Многу му е тешко, Дарко беше многу врзан за татко му, многу го сакаше, вели соговорникот.

Ова го потврди и партнерката на Дарко, Марина.

Милан го оперираше истиот доктор што го оперираше и Дарко. Бидејќи беше презадоволен, тој му советуваше на татко му да оди на операција. Сите бевме за тоа, бидејќи видовме одлични резултати кај Дарко. Затоа Милан не се плашеше. Се беше како што треба до самата операција – рекла Марина.