И покрај барањата од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, да се користат релевантни информации и соопштенија при објавување на информации за здравствената состојба на Милорад Додик, претседателот на Претседателството на БиХ, писателот, аналитичар и еден од најголемите екперти за таканаречените теории за конспирации, Дејан Лучиќ изнесе доста шокантни тврдења поврзани со случувањата околу Милорад Додик и неговата здравствена состојба.

Дејан Лучиќ имаше видео обраќање на youtube на таа тема, а подоцна тоа го потврди во разговорот за нашиот портал.

Тој рече дека Милорад Додик е во опасност да биде убиен.

Почина Артемије, почина Амфилохије, почина и патријархот Иринеј и Додик не се чувствува добро, вели тој и додава:

Тој беше примен во болница со болки во стомакот. Можноста за труење е секогаш логична. Обично Русите се обвинuваат за труење, без докази, но ќе видиме што ќе се случи со Додик. Дали е сериозно труење или е мало, случајно, лесно, ќе видиме, вели тој.  

Јас не би бил изненаден ако Додик биде нападнат. Тие не сакаат силни Срби кои им пречат на патот, смета Лучиќ.

Според Лучиќ, Сталин едноставно имаше обичај да каже: Ако имате човек што создава проблем, го елиминирате и немате никаков проблем, рече, меѓу другото, Лучиќ во своето видео обраќање.