Десетици полицајци се повредени во ноќното насилство, кое вклучувало палење автомобили и фрлање молотови коктели кон полицијата, наведува Ројтерс.

Група млади луѓе во пробританската област во Белфаст запалија киднапиран автобус и ја каменуваа полицијата во последната од низата насилни акции што започнаа минатата недела во Северна Ирска.

Насилството доаѓа во време на растечка фрустрација кај многумина во про-британската унионистичка заедница во врска со новите трговски бариери меѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија како резултат на излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Насилството се случи во Западен Белфаст, во близина на таканаречениот „зид на мирот“ што ја одделува заедницата од ирското националистичко упориште во Фалс роуд, каде што исто така се собраа групи млади луѓе.

Зидовите и оградите меѓу двете заедници беа изградено за да се спречат судири за време на три деценискоти насилство во Северна Ирска, а тие во голема мера завршија со мировниот договор од 1998 година.

И лидерите на најголемите политички партии во Северна Ирска, Шин Фејн и ДУП, го осудија насилството, особено киднапирањето автобуси и нападот врз фоторепортерот на Белфаст телеграф.