Денеска низ цела Европа се одбележува Денот на победата над фашизмот. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна, која започна на 1 септември 1939 година со инвазијата на Германија врз Полска.  Се проценува дека во текот на војната животот го загубиле повеќе од 60 милиони луѓе.

Светот претрпе брутални промени и ново распоредување на силите. За време на патот од диктатура и национализам кон демократија светот доби сосема ново лице. Иако фашизмот, односно неговата манифестација во одреден историски период е поразен, многу теоретичари сметаат дека опасноста што фашизмот ја носеше и понатаму е присутна бидејќи неговите корени се наоѓаат во човековата психологија и од тоа е невозможно да се избега.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на вчерашната мала церемонија ја повика меѓународната заедница да извлече лекции од крајот на Втората Светска Војна и да се придвижи кон „повеќе, а не помалку соработка“ во борбата против новата пандемија на коронавирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин поради епидемијата на коронавирусот ја одложи воената парада која требаше да се одржи денес за 75-годишнината од советската победа во Втората светска војна.

75 години подоцна речиси сите светските лидери изјавуваат дека светот се менува и дека – Ништо повеќе нема да биде исто. Германската канцеларка Ангела Меркел, во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека епидемијата на коронавирусот е досега најголем предизвик за Германците по Втората светска војна и бара досега наголема солидароност од граѓаните.

Голем дел од балканските и светските аналитичари анализираат дека во светот денес се одвива Трета Светска Војна која не е војна со хемиско оружје, односно е биолошка војна во која на крајот на пандемијата ќе се види кој ја започнал и кој победил во оваа војна.


Напишете коментар