Медиумите во земјава веќе јавуваат за бројка од над 100 нови случаи, што значи рекорд на Балканот но и рекорд во Европа, поради тоа што се работи за троцифрена бројка, нормално се чекаат и резултатите од другите европски држави.

Канал 5 телевизија пишува дека бројката на нови случаи во последните 24 часа ќе биде меѓу 110 и 120 лица. Доколку се потврдат овие бројки на нови случаи ова ќе биде вториот најголем пик по средината на април. Oд новите случаи со коронавирусот, најголем број се од Скопје.

Неделникот Фокус јавува за околу 100 нови случаи со коронавирусот и пишува дека се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други случаи, дознава Фокус од свои извори.

Од нив, над 50 се во главниот град Скопје и во текот на денот се очекува официјален извештај од Министерството за здравство. До вчерашниот ден вкупниот број на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епид емијата изнесуваше 2391.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *