Кога Меркур ќе влезе во ретроградна фаза, ќе имаме вкупно 6 ретроградни планети истовремено, така што можеме да очекуваме силен бран енергија што ќе ја промени нашата судбина.

Последниот ретрограден Меркур во 2021 година почнува денес и ќе трае до 18 октомври. Ќе биде стациониран во воздушниот знак на Вага и ќе има најголемо влијание врз нашата комуникација, знаење и примање информации.

Ретроградниот Меркур е аспект што има најлоша репутација. Секогаш кога ќе се појави прави хаос и одложува некои планови, склони сме да правиме грешки, да губиме работи, а можни се и разни дефекти во домот. Неговата порака е да се запознаеме себеси подобро, да го откриеме своето внатрешно јас и да се поврземе со нашиот потсвесен ум.

Бидејќи ретроградниот Меркур е во Вага, исто така е важно да се фокусирате на партнерството и љубовта. Ќе го смениме начинот на кој комуницираме со луѓето, а тоа може да доведе до значителни проблеми и конфликти. Мора да поставите некои граници во комуникацијата, но внимавајте што зборувате, бидејќи секој збор може да биде оружје.

За време на ретроградната фаза на Меркур, исто така треба подетално да ги разгледате вашите соништа. Нашите соништа можат да бидат портал за нашата потсвест, а Меркур може да остави пораки во соништата. Кога Меркур ќе влезе во ретроградна фаза, ќе имаме вкупно шест ретроградни планети истовремено, така што можеме да очекуваме силен бран енергија што ќе ја промени нашата судбина, пишува Сенса.

Многу работи во нашите животи значително ќе забават и можеби ќе треба да направиме неколку чекори назад за да можеме воопшто да одиме напред. Учете од вашите грешки во минатото, бидејќи искуството може да ве заштити од нови предизвици и проблеми. Многумина ќе се осврнат на теми кои беа клучни за нив во јуни оваа година.

Нашата интуиција ќе биде зголемена, така што се што ќе започнете правите го од срце. Слушајте што шепоти вашиот внатрешен глас!