Оваа учебна година завршува во вонредни услови. Учениците учеа од дома поради пандемијата на коронавирусот. Тие три месеци имаа далечинско учење. На учениците има недостасува другарувањето, а учебната година завршува и без традиционалната прослава.

Училишното ѕвоно кое нестрпливо во минатото го очекуваше секој ученик за крајот на школската година овој десетти јуни е бесчујно. Наместо со цвеќе за учителката и поздрав со другарчињата, учениците крајот на завршената година го дочекаа онлајн. Не се радуваа на скратените часови на последниот училишен ден, а списокот со лектирите кои треба да ги прочитаат за време на летниот распуст ќе го добијат по електронска пошта.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *