Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, се одлучи на своето прво патување во странство, од избувнувањето на пандемијата, да допатува во работна посета на Израел.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и грчкиот премиер Мицитакис денес имаа работен состанок во Ерусалим. Средбата беше во функција на промоција на трилатерален конзорциум за природен гас со Кипар.

Грција, Израел и Кипар се здружија на енергетски проекти во Источен Медитеран, а Мицотакис предупреди на агресивното однесување на Турција против овој проект.

Се очекува кон Источен Медитеран да се приклучат и Египет и Јордан, а подоцна и Саудиска Арабија.

На тој начин САД настојува да го зајакне јужното крило на НАТО и да парира на Русија, Иран и Сирија во тој регион.

Грција е загрижена од однесувањето на Турција, која прогласи дел од источниот Медитеран, како зона за заедничко истражување со Либија.

Израел ја гледа грчката посета како можност за разблажување на европското спротивставување на планираната анексија на окупираното земјиште на Западниот Брег каде Палестинците сакаат да формираат своја држава.

Очекуваме Грција да биде сидро за поддршка за нас во Унијата, рече Јоси Амрани, израелскиот амбасадор во Атина, за израелското армиско радио кога го прашаа за планот за анексија.

Средбата Нетанјаху и Мицотскис беше во Ерусалим а не во Тел Авив што е јасна порака дека Мицотакис ја следи политиката на Доналд Трамп кој пред две години Амбасадата на САД од Тел Авив ја пресели во Ерусалим.

Инаку односите меѓу Грција и Израел долго време беа на ниско дипломатско ниво. Дури 1991 година, кога грчки премиер беше Константин Мицотскис, татко на денешниот грчки премиер, Грција и Израел воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *