Управата за хидрометеоролошки работи објави предупредување дека: Поради продор на студен воздух од изутрина ќе дува умерен до засилен северен ветер. Преку денот понекаде на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег, а понекаде во котлините за појава на краткотарен дожд. Од денес дневната температура значително ќе е пониска, а од утре повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Во наредните три дена утрата ќе бидат многу студени од -11 до 3 степени, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен променлив ветер. Дневната температура ќе се движи од 6 до 16 степени.