На крајот на 1981 година, југословенските медиуми објавија листа на десет најуспешни рок бендови во тогашна СФРЈ.

Првото место го зазеде загрепскиот Аеродром, која е југословенска и хрватска рок група основана во 1978 година во Загреб. Тие беа активни од 1978 до 1987 година, кога снимија пет албуми. Во овој период, групата беше многу популарна низ поранешна Југославија, а некои од нејзините песни се пееја и во други земји (Шведска, Финска, Полска, Австрија). Во времето на нивната најголема популарност тие ги снимаа своите албуми во странски студија, во Милано и Шведска.

На второ место е бендот Азра. Азра беше хрватска и југословенска рок група која е формирана во 1977 година од нејзиниот фронтмен е Скопјанецот Бранимир Џони Штулиќ. Другите двајца членови на оригиналната постава беа Мишо Хрњак и Борис Лајнер.

Пред точно 40 години трет најуспешен бенд во Југославија беше Рибља чорба од Белград. Рибља Чорба е основана во Белград 1978 година од страна на Бора Ѓорѓевиќ. На 22 декември го објавуваат првиот хит Лутка са насловне стране, а тој веднаш постигна голема популарност. Групата е во функција и до ден-денес со мали измени.

На четврто место е бендот Филм од Загреб. Филм беше една од најпопуларните рок групи на поранешниот југословенски нов бран во доцните 1970-ти до раните 1980-ти.

На петтото место на листата на најуспешни се најде бендот Бијело Дугме од Сараево. Бендот функционираше меѓу 1974 и 1989 година. За него се смета дека бил најпопуларен бенд кој воопшто постоел во Југославија и еден од највлијателните состави на југословенската рок сцена.

На шестото место се наоѓа Атомско склониште од Пула, која е хард-рок музичка група. Познати се по своите тексови инспирирани од хипи идеологијата во која има анти воени кампањи, против сите тогашни војни и сите воени пактови. Учесници се на музичките фестивали во Суботица,Нови Сад и др. Имаат снимено девет студиски албуми.

На седмото место се најде белградската Рок машина. Групата е формирана во 1980 година од поранешните членови на групата Поп машини, Роберт Немечек (вокал и бас гитара) и браќата Зоран Божиновиќ и Видоја Божиновиќ (гитари). Набрзо во групата се приклучи Владан Докиќ (тапани), поранешен член на групата Поп шоу.

На осмото место се наоѓа бендот Идоли, која е рок група од Белград која се смета за една од најголемите и највлијателните југословенски  рок групи, а нивниот албум од 1982 година, Одбраната и последните денови бил прогласен од страна на критичарите како најдобар југословенски рок албум на сите времиња.

На деветото место се наоѓа бендот Хаустор од Загреб. Основата на бендот е формирана во 1977 година, кога пејачот и повремен гитарист Дарко Рундек го запозна басистот Срѓан Сачер. Две години подоцна го формираа Хаустор, заедно со Озрен Штиглиќ (гитара) и Борис Лејнер (тапани), кои исто така свиреа во друг истакнат југословенски рок бенд, Азра. Во текот на 1980 година го додадоа Зоран Вулетиќ. Групата беше најмногу под влијание на карипската музика.

Десеттиот најуспешен бенд во 1981 година беше Смак од Крагуевац, основан во 1971 година од гитаристот Радомир Михајловиќ Точак со тапанарот Слободан Стојановиќ Кеп и басистот Зоран Милановиќ во Крагуевац.