Двајца белоруски државјани и четворица руски државјани биле во авионот на Рајанер, додека Некста известува дека е уапсена и девојката на Проташевич.

Исто така беше наредено да полета еден Миг-29, кој го следеше авионот за Минск по пријавата за бомбата, што се покажа како лажна. Авионот слета во главниот град на Литванија, првичната дестинација, повеќе од седум часа по првично предвидениот рок за пристигнување.

Вистинската драма се случи денес на небото над Европа, откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди присилно слетување во Минск на авион на Рајанер, кој леташе од Атина до Вилнус. Иако наводно станува збор за тревога за бомба, вистинската причина за овој инцидент е еден од патниците, опозицискиот блогер Роман Проташевич, кој беше уапсен по слетувањето на авионот.

Медиумите најпрво објавија дека авионот принудно слетал во Минск по пријавата за бомбата, додека противпожарните возила и брзата помош го чекале на аеродромот. Извештајот за бомбата наскоро се покажа како лажен, а трасата на маршрутата на авионот покажува дека во времето на извештајот за бомба, тој бил многу поблизу до аеродромот во Вилнус и дека не требало да слета во Минск.

Се испостави дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, наредил присилно слетување на авионот бидејќи во него патувал познат опозициски блогер, Роман Проташевич, и тој таму се соочува со смртна казна.

Прес-службата на претседателот на Белорусија објави дека командата за подигнување на борбениот авион МиГ-29 во воздухот и слетувањето на авионот со Проташевич ја дал претседателот лично, пренесува Некста.

Според првите податоци, авионот го сменил курсот, по што испратил сигнал за помош до 7700 – за вонредната состојба на летот.

Некста јавува дека во авионот имало 123 лица, дека сите биле претресени по слетувањето во Минск и дека биле заложници на аеродромот.

Роман Проташевич се враќаше од одмор во Грција, а еден ден пред тоа него го посети Светлана Тихановскаја, која беше противник на Лукашенко на претседателските избори минатата година. Роман во Атина направи неколку нејзини фотографии.

Патниците во авионот, кој летал од Атина, Грција до Вилнус, Литванија, рекоа дека авионот одеднаш извршил маневар, а дека еден од патниците се фатил за главата.

Според нив, имало многу гласини, но немало конфликт на летот, што во еден момент беше наведено како причина за присилното слетување на авионот.

Кога сфати дека ќе слетаме, тој млад човек се фати за главата. Нè извадија од авионот, кучињата ни ги душкаа работите. Тоа момче беше тргнато на страна и неговите предмети беа фрлени на пистата. Го прашавме што се случува. Тој ни кажа е и додаде: Тука ме чека смртна казна. Полицаецот цело време стоеше до него, а наскоро војската го однесе, изјави за Делфи.лт едно лице кое беше покрај Проташевиќ.

Патниците истакнаа дека три часа се држеа во тесните ходници, без вода и тоалети, со цел да ги проверат нивните документи.

Литванија, каде леташе авионот, ги повика земјите од Европската унија заеднички да издадат препорака авионите да го заобиколат белорускиот воздушен простор.

Предлог за заедничка декларација ќе биде на работната маса во понеделник, кога е закажан редовен состанок на лидерите на ЕУ, објави Ројтерс.

Авионот на ирската нискобуџетна авиокомпанија Рајанер, кој принудно слета во Минск на патот од Грција кон Литванија, пристигна безбедно во Вилнус, соопшти компанијата.

Авионот слета во 21:25 часот по локално време или повеќе од седум часа подоцна од предвидениот термин.

Компанијата Рајанер објави дека не било пронајдено ништо сомнително или потенцијално опасно во авионот за кој повика белоруската контрола на леталото да биде принуден да слета на аеродромот во Минск.