Првите анализи на поставениот експлозив укажуваат на тоа дека во ликвидацијата на Страхиња Стојановиќ, најверојатно е користен пластичен експлозив P500, попознат како Ц-4. На тоа укажуваат и остатоците од џипот, бидејќи во последниве години овој експлозив, или тротил, најчесто се користеше во пресметките на мафијата на белградските улици.

Да беше поставен посилен експлозив, уништувањето на самото возило ќе беше далеку поголемо, а патниците сигурно немаше да преживеат, наведува соговорникот од истрагата, пишуваат Новости.

Во овој случај, експлозивот е поставен директно под возачкото седиште и се активира од далечински.

На сличен начин, беше разнесен Синиша Милиќ Боске, главниот оперативец на кланот на Лука Бојовиќ и Филип Кораќ.

Тој беше убиен во јуни 2018 година на семафор во Автокоманда, во Белград.Тогаш бил користен Ц-4, а бил активиран со повик од мобилен телефон.

Оперативните податоци од полицијата укажуваат на тоа дека оние кои се подготвувале за ликвидација на Стојановиќ, најверојатно го лоцирале преку профилот на социјалните мрежи на Колумбијката Соња Суарез Гомез, која не се одвојуваше од него во последните шест месеци. Таа е многу активна на „Инстаграм“, има јавен профил на кој објави фотографии со егзекутираниот Стојановиќ.

Двајцата летово престојуваа на Златибор и Копаоник, а таа ги сними и објави локациите каде што беа во тоа време, што веројатно им ја олесни работата на извршителите.

Страхиња Стојановиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста во август 2018 година, кога, поради неговите незаконски активности, тој беше мета на напаѓачи кои под седиштето на неговото „ауди“ поставија експлозивна направа во населбата Нова Галеника.

Станува збор за криминални активности и борбата за превласт на црниот пазар на наркотици. Експлозивот се активирал откако Стојановиќ излегол од автомобилот за да се врати во станот да го земе телефонот, што и му го спасило животот.

Тој се споменува и во врска со убиството на неговиот кум Милош Видаковиќ од Панчево, кој беше убиен со три куршуми во кафуле во Будва, во јули 2013 година. Се сомневаше дека Стојановиќ го наредил ова убиство. Неколку месеци пред да биде ликвидиран во Будва, Видаковиќ беше ранет на двете нозе во населбата Галеника, а полицијата тогаш се посомнева дека Стојановиќ стои зад тоа.

Оперативната сознанија на полицијата го добедуваат Страхиња Стојановиќ во врска со убиството на познатиот белградски адвокат Драгослав Мишо Огњановиќ, кој беше убиен на 28 јули 2018 година пред зградата во која живееше со сопругата и ќерката. Полициската претпоставува дека сторителот на злосторството дошол во зградата каде живеел Огњановиќ со мотор, а по ликвидацијата се оддалечил со автомобил во темна боја.