Соединетите држави воведоа санкции против поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша под сомнение за корупција. Ова се наведува во изјавата објавена од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува TACC.

Најавувам вклучување ( во списокот со санкции ) на поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша во врска со неговата вмешаност во корупција од големи размери. Како премиер, тој беше вклучен во коруптивни практики, се вели во соопштението.

Се прецизира дека на претседателот на Албанија, во периодот од 1992-1997 година, како и на членовите на неговото семејство му е забрането забрането да влегуваат на територијата на САД, пренесува агенцијата Фокус.

Инаку токму на имотот на Сали Бериша во Северна Албанија почна тринирањето на паравоените формации кои подоцна прерастуваат во УЧК.