На социјалните мрежи се појави досега невидена фотографија. На неа се фолк пејачот Џеј кој почина неодамна и нашиот Тоше Проески.

Снимена е во Белград во раните двеилјадити  во некој локал и може да се види дека двајцата се во добро расположение и се шегуваат.

Две легенди на едно место- беа коментарите на социјалните мрежи.

Две легенди заедно: Џеј со нашиот Тоше

Џеј Рамадановски беше вистински љубител на македонската песна, а за тоа одличен доказ е и следното видео. Имено, тој во една емисија гостуваше со нашиот Тоше Проески, кој тогаш ја отпеа безвременската Зајди Зајди. 

Каква беше тогаш реакцијата на Џеј и колку тој уживаше погледнете во видеото во продолжение: