Ако се суди според социолошките анализи и политичката историја, лесно може да се случи Доналд Трамп да не освои втор претседателски мандат. Затоа што со рејтинг под 40 отсто, на националниот празник 4 јули во изборна година тој може да ја има истата политичка судбина со Џими Картер и Џорџ В. Буш, кои поминаа само по 4 години во Белата куќа, изјави Џејмс Пердју, специјалниот посредник на САД во текот на преговорите за Рамковниот Договор во 2001 година.

Премногу е рано да се каже што ќе се случи, вели Пердју. Во политиката сум научил, дека сè може да се случи. А до изборите остануваат месеци. Инаку, важно е да се напомене дека популарноста на Трамп опадна – особено поради неговите дејствија во однос на коронавирусот. Тој очајно сака да го поврати својот рејтинг и токму затоа неговите јавни изјави стануваат се пекстремистички и неодговорни.
Но, продолжува да губи. И тоа не само на национално ниво, туку и во клучните држави каде што тој мора да победи доколку сака да биде реизбран – во Флорида, Аризона, дури и во Џорџија. Довербата кон него е ужасно ниска во оваа фаза од кампањата. Но, сепак – не се знае. Кој можеше да си помисли во декември дека ќе се најдеме во ваква состојба со овој ужасен вирус, вели тој во интервјуто за бугарското национално радио.

Инаку македонската јавност прв пат слушна за Пердју 1995 година, кога тој беше дел од екипата на помошникот државен секретар на САД, Ричард Холбрук што работеше на Времената Спогодба од 1995. Потоа беше специјален олеснувач во преговорите за рамковниот договор. Беше амбасадор на САД во Бугарија. Џејмс Пердју, ја обавуваше и функцијата заменик-генерален секретар за операции во НАТО.


Напишете коментар