Белите Американци ќе бидат малцинство на населението во САД до 2045 година.

Џо Бајден вети дека околу 11 милиони илегални мигранти ќе добијат американско државјанство. Политичарот има намера да ги укине строгите мерки наметнати од Доналд Трамп во текот на првите 100 дена од неговиот мандат. Наспроти политиката на се уште актуелниот претседател, Бајден изгледа како бранител на мигрантите.

Доколку успее да ги реализира овие планови, 11 милиони граѓани лојални на Демократската партија ќе се појават на следните избори во САД. Во меѓувреме, аналитичарите велат дека републиканците ќе продолжат да го губат својот електорат во блиска иднина.

Џо Бајден, кој ја објави својата победа на претседателските избори во САД, ја повтори својата намера да им даде државјанство на повеќе од 11 милиони илегални мигранти во првите 100 дена од неговиот мандат. Тоа го изјави во интервјуто на NBC News. Делумно ќе зависи од тоа каква соработка и поддршка ќе можам да добијам од Конгресот на САД, призна Бајден.

Доколку републиканците победат во вториот круг на изборите за Конгресот во Џорџија, тие ќе ја задржат контролата врз Сенатот во САД. Во тој случај, ќе биде исклучително тешко за Џо Бајден да го одржи ветувањето.

Според Стејт департментот, бројот на американски имигрантски визи опаднал за 25 отсто од 2016 до 2019 година. Вкупниот раст на бројот на мигранти се намали на околу 200 000 годишно во првите две години од претседателствувањето на Трамп, во споредба со 650 000 годишно во времето на Барак Обама.

Во исто време, во САД се случуваат тектонски промени во демографијата, кои им се закануваат на републиканците со губење на нивниот електорат и без да им бидат дадени државјанства на 11 милиони мигранти.

Републиканската партија, со ваквиот развој на демографските трендови, е осудена да падне во позиција на малцинство, бидејќи зајакнувањето на десното крило на партијата ја прави партија на екстремни бели гласачи. А белите гласачи, особено белите конзервативци, стануваат сè помалку во Америка поради објективните демографски трендови.

Како што забележува Вашингтон пост, во 2016 година, 71 отсто од републиканските гласачи биле бели Американци. На тие претседателски избори, Доналд Трамп доби поддршка од 57 отсто од овие граѓани. Во 2020 година, 57 отсто од белите Американци повторно гласаа за Трамп, но во исто време нивниот удел во електоратот на партијата падна на 65 отсто. И овој тренд само ќе се зголемува.

Во 2018 година, институтот Брукингс ги објави резултатите од студијата според која белите Американци ќе бидат малцинство на населението во САД до 2045 година.