За време на неговиот прв говор во Конгресот по повод првите 100 дена од неговиот претседателски мандат, американскиот претседател Џо Бајден и посвети посебно внимание на Кина.

Тој оцени дека Кина брзо се приближува, и дека САД ќе одржат силно присуство во Пацификот и вети дека ќе го интензивираат технолошкиот развој и трговијата, објави Ројтерс.

Кина и другите земји брзо се приближуваат. Ние мора да ги развиваме и доминираме со производството и технологијата на иднината, рече Бајден.

Во изјавата што го предизвика најсилниот аплауз на вечерта, Бајден рече дека едноставно нема причина турбините за ветерници да не се прават во Питсбург туку во Пекинг.

Бајден повтори дека конкуренцијата со Кина е најголемиот предизвик на надворешната политика на САД.

Тој и неговите колеги демократи, како и републиканците, сите се согласија за построг пристап кон односите со Пекинг.

Америка ќе се бори против неправдите што ги понижуваат американските работници и американската индустрија, со субвенционирање на државни компании и спречување на кражба на американски технологии и интелектуална сопственост, додаде американскиот претседател.

Тој му порача на кинескиот претседател Си Џинпинг дека Соединетите држави ќе одржат силно присуство во Индо-Пацификот, како што тоа го прави за НАТО во Европа, но не да започнат конфликт, туку да го спречат.