Американскиот претседател Џо Бајден се најде во непријатна ситуација за време на неговото патување на средбата со лидерите на Г7 во Англија.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како шефот на американската држава влегува во кафуле во Корнвол и започнува збунето да гледа наоколу. 

Сопругата на Бајден, Џил, се снаоѓа и брзо интервенира и го фаќа под рака и тие заедно излегуваат од кафулето, додека присутните гости се забавуваат во целата ситуација.

За време на неговата посета на Европа, Бајден неколку пати се најде во збунувачки ситуации, заборавајќи на своите говорите и не можејќи да одговори на прашањата на новинарите.