ДОНАЛД Трамп 45-от претседател на САД му остави порака на неговиот наследник Џи Бајден, пред да ја напушти Белата куќа.

Џо, знаеш дека победив – стои во таа порака.

Трамп ја напушти Белата куќа денес пред инаугурацијата на новиот претседател и повеќе од два месеци одбиваше да го признае поразот на изборите и не му ја честиташе победата на Бајден.

Доналд Трамп одржа проштален говор во Вашингтон пред своите приврзаници.

Трамп ги пофали сите достигнувања, особено во областа на економијата и армијата, што беа направени за време на неговиот мандат.

„Се надевам дека тие нема да ви ги зголемуваат даноците, но ако се зголемат, ве предупредив за тоа“, рече Трамп со насмевка. Тој исто така го поздрави развојот на вакцината како „медицинско чудо“ и рече дека се гордее со брзината со која е напревена вакцината.