Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека извештајот на парламентарната комисија за разузнавање и безбедност не открива никакви докази за вмешаност на Русија во референдумот во Брегзит во 2016 година.

-Тоа што го имате овде … е бес и гнев на дел од елитата која откри дека всушност во овој извештај нема ништо. Нема непобитен доказ, на крајот на краиштата само кревање чад, и одеднаш секој што сака да остане во ЕУ не наоѓа аргументи да се оди напред , рече Џонсон за време на сесијата за пратенички прашања за премиерот во парламентот.

Лидерот на Лабуристичката партија Кир Стармер изврши притисок врз премиерот да го одложи објавувањето на извештајот на комисијата за 10 месеци, но Џонсон се спротивстави, велејќи дека Русија немала никакво влијание врз исходот на референдумот.

-Луѓето од оваа земја не гласаа да ја напуштат ЕУ заради притисокот на Русија или руската интервенција. Тие гласаа затоа што сакаа да си ја повратат контролата, рече Џонсон, додавајќи дека неговата влада презема „најсилни можни активности“ во однос на Москва.

Комитетот за разузнавање и безбедност вчера ги објави своите откритија од истрагата за наводното руско мешање во демократскиот процес во Велика Британија. Обвинението против владата беше дека не ги испитала правилно овие тврдења.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, извештајот го оцени како „лажна русофобија“, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека Москва никогаш не се мешала во изборниот процес во ниту една земја.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *