Подгорица – Претседателот на Црна Гора Мило Џукановиќ нема да ги потпише Предлозите на одлуки на Министерството за одбрана за разрешување на началникот на Генералштабот на Армијата на Црна Гора.

EPA/ GEORGI LICOVSKI

Ова е предлог за разрешување на генерал-мајор Драгутин Дакиќ и разрешување и престанок на службата на генерал-мајор Рајко Пешиќ. „Наместо тоа, ќе свикам седница на Советот за одбрана и безбедност.

Веќе денес го овластив секретарот на Советот да го координира датумот за можна седница со членовите на Советот“, беше објавено од неговиот кабинет.