Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја продолжува “пинг-понг комуникацијата со Зоран Заев.

По размената на “мислења” на собраниската седница за пратенички прашања, кога доцентот од штипскиот Универзитет помина како бос по трње, по реторичкото прашање на Заев дали е точно дека СДСМ ја финансирал кампањата и функционитањето на Левица, по што видливо беше намалувањето на поддршката за Апасиев од “верната вмровска фејсбук публика”, денес на социјалните мрежи Апасиев ги “објави” резултатите од пописот кој се уште не е организиран и за тоа ги обвини “државниците” како Заев.

Процентот на резултатите од ПОПИСОТ е договорен уште при формирањето на Владата на СДС + ДУИ. Ако ве копка, еве да ви кажам: најголемото малцинство ќе биде 28,5% (иако во реалноста резиденти се околу 18%). Ова сега е само фалсификување на реалноста, со цел таа да се наштима на коалицискиот договор. Со “државници” ко Заев, за жал, демакедонизацијата е процес кој е во тек, напиша Апасиев на фејсбук.

Инаку, бројката од 28,5 отсто не е падната од небо. Во една анализа која беше направена за националните телевизии во Македонија, а таа анализа беше правена од сестрински групировки на агенцијата за мерење на рејтингот на гледаност во Македонија, и тоа агенции од Чешка и од Унгарија, се споменува токму тој процент, од 28 до 28,5 отсто Албанци кои живеат во Македоија.

Тоа не значи дека некоја од националните телевизии му ја дале анализата на Апасиев, туку дека во таа анализа за прв пат е спопеменат тој процент.

На тој начин се влегува офанзивно во најавениот попис во Македонија и сега е отворена сезоната на лицитација со бројките. А каде се бројките таму се и конфликтите бидејќи политиката на ДУИ е сведена на политика која ги третира Албанците како бројки. Затоа ДУИ има многу мал маневарски простор да излезе од шинелот на таа бројка-политика што во старт на пописот му дава драматична политичка агресија.